Бебе панда гушка работник од зоолошката градина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќето сметаат дека пандите се мазни и мрзливи, но ретко кој може да одолее на нивниот „шарм“.

Особено „ги бие глас“ дека се многу емотивни и приврзани, а за тоа сведочи и видеото, кое привлече големи симпатии од корисниците на социјалните мрежи.

Имено, се работи за бебе на кинеската панда Фу Бао, кое е родено во Јужна Кореја.

На видеото се гледа шестмесечно младенче кое ужива во храната, но и во друштвото на еден од работниците во зоолошката градина, чија нога ја фати со рацете и не сакаше да ја пушти.