Бебешки нокти предизвикаа војна помеѓу мајките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сè започнало кога една мајка објавила четири фотографии од своето бебе на Фејсбук и се пофалила дека направила маникир за неа. Секоја фотографија има различен облик на ноктите и различна боја, а луѓето биле најмногу шокирани од ноктите обликувани во шпиц и украсени со дијаманти.

Да бидат работите уште полоши, оваа мајка им ја понуди истата услуга на другите мајки.

„Можам да ги направам ноктите на вашето бебе, испратете ми порака“, стои во описот на фотографиите, кои наскоро се проширија на „Редит“.

И тогаш сето тоа избувна. Веднаш се јавија оние мајки кои истакнаа дека е многу опасно за бебето да има толку долги и остри нокти, бидејќи може да се повреди.

„Ноктите на бебето треба да бидат кратки за да не се повредат. Ова е многу патетично и глупаво “, напишала една мајка.

Некоја се прашуваше што не е во ред со овој свет. Другите, пак, се редеа со предупредувања и го посочуваа она што беше сосема очигледно за секоја разумна личност.

Сепак, имаше и такви кои забележаа дека е многу можно Фотошоп да стои зад сè, дека сè е само (несолена) шега, иако мајката што ги објави фотографиите не го кажа тоа, пренесува The Sun.

На крај излезе дека секоја од мајките е во право и дека секоја има мислење кое е единственото правилно, за тоа како да се внимава на бебе, за хранење на бебето, доење и одвикнување од пелени, како и спиење со родители и дека не постои единствено правилно правило.