Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети попладнево објави фотографија на неговиот Фејсбук профил, во придружба со неговите сопартијци, Изет Меџити, Муса Џафери и Садула Дураку. На прашањето на ТВ21, Беџети негираше дека во ДУИ има партиски групирања, додавајќи дека станува збор за обичен ручек со своите сопартијци.
„Ние денеска сме на заеднички ручек, редовна средба би рекол, бидејќи не седиме само ние четворица, има и други луѓе, и јас седам со други луѓе, сигурно и тие седат со други луѓе и нема никаква поврзаност со тоа што го зборувате“, вели Блерим Беџети.
Н: Дали оваа средба е провокација кон Артан Груби?
Б.Б. Не се занимаваме со вакви работи, затоа што мислам дека нема потреба никој да се провоцира.
Беџети и во емисијата „Клик Плус“ пред извесно време беше прашан дали има групи меѓу интегративците?!
Н: Дури има и име – „огнена група“, која веќе излезе во јавноста.
Б.Б. Не знам.
Н: Јас така слушнав, но вие се смеевте…
Незадоволство во редовите на интегративците почнаа откако се формираше новата Влада, а Меџити велеше дека „ќе гласа за Владата со свои забелешки кои ги има кон дел од извршната власт“. Но, подоцна се отвори и прашањето за интерпелацијата која Меџити ќе ја покрене против неговиот сопартиец, но досега вакво нешто не се случи. Кон крајот на декември, Меџити во Собрание му постави неколку прашања на вицепремиерот Груби, кои се однесуваа на индустриската зона во Визбегово, соодветната застапеност во приватните претпријатија, како и реализирањето на ветувањата што ги има дадено ДУИ.
Во емисијата „Клик Плус“, вицепремиерот Груби рече дека ќе испрати писмен одговор, но додаде дека би било подобро Меџити прашањата да ги постави во ДУИ.
„Добронамерно ги прифатив сите критики и предлози, би било добро да се изнесат во рамките на партиските органи“, вели Артан Груби.
Истиот ден Меџити рече дека не планира да ја напуши партијата и дека проблемите ќе ги реши како дел од политичкиот субјект. Тој исто така изјави дека е добро што овие теми се актуализирале, а со ваквиот нов пристап, како што вели, очекува да се отворат и други прашања. Истиот ден најави дека ќе се бори за промени во ДУИ.