Беџети негира дека имало тајни средби, од ВРЕДИ велат неуспеа планот на ДУИ за враќање на Груевски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На тврдењата на коалицијата ВРЕДИ дека високи експоненти на ДУИ имале план за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија во Македонија, категорично се спротивставува пратеникот Блерим Беџети. Тој рече дека доколку не биде побарано јавно извинување од него ќе тужи за клевета како и Коалицијата ВРЕДИ и медиумите кои објавија непроверени вести.

-Не сум учествувал на ниту еден состанок и немам информации дека имало таква средба. Ова е обид на вазалите на ВРЕДИ, во овој случај сите алузии ме водат до главниот слуга Изет Меџити, кој е во служба на ВМРО ДПМНЕ. Мислам дека тоа е клевета против мојата личност во отсуство на политички аргументи. Изгледа Изети почна со тајни средби, кои можеби во следниот период ќе разговараме, ќе се труди да ги продолжи, но тоа воопшто не му помага, Блерим Беџети од ДУИ.

Според претставниците на коалицијата ВРЕДИ, имало видео и аудио снимка од средба во Претседателството, односно Вила Водно на која се правел план за враќање на поранешниот премиер и поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој за да избега од затворска казна по обвиненијата покренати од СЈО, побегна во Унгарија, каде доби политички азил.