Бегалците, нова потенцијална криза – експертите со критики кон ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бегалците на турско – грчката граница претставуваат нова потенцијална криза со кој аможе да се соочи Европа.

Му доаѓа крајот на договорот потпишан во 2016 меѓу ЕУ и Турција, смета експертката за безбедност, интернационален мир и човекови права, Доника Емини.

Тенденцијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ги пушти емигрантите кон Европа, според него е форма да се покаже дека е дојдено време за нов договор или ЕУ да се позанимава посериозно со Турција.

„Ова се случи бидејќи ЕУ освен инвестицијата од 6 милиони евра за состојбата со бегалците во Турција, не го почитувале договорот да дадат либерализација на визите за Турција и второ, да направи позитивен прогрес во однос на членството на Турција во ЕУ. Овие две работи не се случија“, вели Доника Емини.

Раководителката на ЦИВИКОС додава денешната ЕУ не е истата со таа од 2016 бидејќи сега и недостига некогашниот силен лидершип. Слично нешто кажа и потпретседателот на Европската иницијатива за стабилност, Кристоф Бендер кој ја нарече цинична и неприфатлива тактиката на Ердоган да донесе илјадници бегалци на грчката граница со лажно ветување дека границата е отворена. Меѓутоа ја оправдува турската фрустрација бидејќи Европа не ги одржа нејзините ветувања кон неа, додека и доделените пари во 2016 од ЕУ се потрошени и беа потребни нови средства за одржување на состојбата.

„ЕУ не ги менаџираше овие последни 4 до 5 месеци што јасно и кажува на Турција “да“ ние ќе продолжиме финансиски да го поддржуваме престојот на бегалците во Турција. Единственото нешто што ЕУ го направи за договорот со Турција беше дека и рече “знам што, и ние забрануваме да се прави тоа“, затоа јас мислам дека нивото на фрустрација на Турција е разбирливо“, посочува Кристоф Бендер .

Актуелната ситуација во односите ЕУ – Турција и кризата на турско – грчката границам според Доника Емини не води кон нова криза која што Европа ќе мора да ја реши ефективно. ЕУ не е таа Европа со политики на отворени врати, затоа според неа, постои опасност бегалците да заглават во балканските земји кои реално немаат капацитет за менаџирање на таква ситуација. Решението е ЕУ да го реши геополитичкото прашање на Исток и да не се соочи сама со последиците.

„Во ред, со бегалците можеме уште неколку други бранови да надминеме меѓутоа овој процес само ќе ја измори ЕУ која нема да има капацитети да ги сопрат сите овие бегалци. Така што најважно за ЕУ е овој проблем да го гледа на геополитички начин, да се инволвира повеќе политички во решавање на проблемот, овие луѓе да останат во своите региони“, додава Доника Емини .

Ова како и други работи во врска со бегалската криза беа кажани на форумот “Think Tenk” во Скопје организиран во рамки на заедничкото претседавање на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.