Беким Сaли именуван за прв заменик-претседател на Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот министер за европски прашања Беким Сали, е именуван за прв заменик-претседател на Владата. Сали се заблагодари на честа и кажа дека ова именување не е само функција или титула, туку голема доверба и обврска.

„Со длабоко чувство на одговорност и скромност, сакам да ве информирам дека на денешната седница на Владата бев именуван за Прв заменик-претседател на Владата.

Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани.

Оваа Влада, во изминатите речиси две години, покажа дека кога постојат волја, визија и посветеност, резултатите не изостануваат. Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за сите општини, решавањето на прашањето со Медресето, како и економскиот раст и развој, се конкретни дела што зборуваат погласно од какви било зборови.

Сепак, патот пред нас е сè уште долг. Нè очекуваат бројни проекти и сериозни предизвици. Времето не чека. Затоа ќе продолжиме да работиме со максимална посветеност, енергија и висок мотив, со цел секое ветување дадено пред граѓаните да се претвори во конкретни активности и видливи резултати.

Со вера во Бога, во нашите луѓе и во иднината што заедно ја градиме, верувам дека нашата работа ќе биде успешна и дека на крајот од овој пат ќе излеземе со чист образ пред граѓаните и пред историјата“, напиша Сали на социјалните мрежи.