Бектеши: Буџетот е ликвиден, има пари во буџетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува министерот за економија Крешник Бектеши и економскиот аналитичар Висар Адеми, со кои дебатиравме за ребалансот на буџетот.

Бектеши посочи дека се соочуваме со увезена криза.

„Најпрвин кризата предизвикана од пандемијата, потоа енергетска криза, сега и кризата со војната во Украина“, додаде Бектеши.

Според министерот, буџетот е ликвиден.

„Има пари во буџетот. Сите обврски на Владата се исплаќаат редовно, како што се пензии, плати, но и обврските кон компаниите. Ребелансот помина на Влада. Опозицијата не се појавува на дебати, но еве би сакал да ги поканам во Собрание да дебатираме за нивните предлози“, посочи Бектеши.