Бектеши ја објави СМС пораката до началникот – кривичната ја оценува како политички прогон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против екс министерот за економија Крешник Бектеши за како што се вели, “попречување на правдата“ на ден пред парламентарните избори. Во билтенот на министерството се вели дека екс министерот се заканувал или ја попречувал работата на локалната полиција во преземањето мерки.

„На датум 07.05.2024 поднесителот на барањето му испратил порака од неговиот мобилен телефон преку апликација на мобилниот на шефот на полицијата на СВР Охрид во која го коментира преземањето законски мерки и истражни дејствија во врска со кривичното дело од член 149 од Кривичниот законик и член 190 од Изборниот законик“.

На ова реагираше самиот екс министер Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил објавувајќи ја пораката која му ја испратил на шефот на полицијата во Охрид. Тој вели дека ова е политички прогон.

„На 7 мај како координатор на Европскиот фронт во ИЕ 5 добив информација од штабот на Европскиот фронт во Охрид дека на денот на изборниот молк шефот на кабинетот и членовите на штабот биле проверени од СВР -Охрид, што е директна интервенција во изборниот процес од страна на СВР ОХРИД. Имајќи предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што ја испратив како човек кој има одговорност и за изборниот процес. Но, тоа не е нивната цел, нивната цел е одмазда за дебаклот што им го приредија граѓаните на 8 мај!“, вели Крешник Бектеши.

Во пораката што ја објави Бектеши испратена до шефот на полицијата се вели:

„Браво! Силни сте. Треба да се срамите да се занимавате со млади луѓе!“

Оваа кривична за Бектеши следи три месеци по изборите, а за ваквото обвинение законот предвидува казна затвор од минимум 1 година а максималната казна зависи од тежината на кривичното дело и последиците од него.