Бектеши: Нема веќе зејтин од 160 денари, со буџетот за 2023 година ќе им се помогне на најзагрозените категории

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека веќе има намалување на цените на основните прехранбени производи како лебот и маслото. Бектеши рече дека најавите биле дека намалувањето ќе движи од 7 до 13%.

Бектеши заедно со премиерот Ковачевски го презентираше буџетот за 2023 на Министерството за економија кој ќе изнесува 19 милиони евра. Дел од буџетот е предвиден за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најзагрозените категории граѓани.

Оваа година Министерството за економија освен финансиска поддршка за лицата со ниски примања, ќе им помогне и на лицата со посебни потреби, бидејќи, како што рече Бектеши, оваа програма се однесува на најзагрозените граѓани. Освен тоа, со буџетот за 2023, Министерството за економија со помош на проекти, планира да обезбеди и природен гас.