Бектеши: Продолжува поддршката за плати за компаниите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека продолжува поддршката за плати за компаниите.

„Сите компании кои имаа намалување на приходите од 30 отсто па нагоре беа поддржани со финансиска поддршка за исплата на плати, и со тоа ќе продолжиме“, посочи Бектеши.

Тој смета дека речиси сите категории на граѓани биле покриени со претходните мерки, а со новиот и дополнително ќе бидат.