Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција посочи дека туристичките агенции ќе добијат ваучери се со цел да можат да ги обештетат граѓаните чии патувања се откажани поради состојбата со коронавирусот.
Тој додаде дека лицата кои уплатиле пари нема да ги изгубат средствата, туку ќе добијат ваучер во висина на уплатата, а доколку се затвори агенцијата, истата ќе мора во целост да ги врати парите на граѓаните.
Бектеши порача дека агенциите кои нема да ги следат упатствата, ќе добијат казни.
