Белата куќа: Трамп не го одобри предлогот за 45-дневно примирје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобри предлогот за 45-дневно примирје во војната со Иран, изјави висок функционер на Белата куќа, пренесе NBC News.

„Тоа е една од неколкуте опции што се дискутираат, а претседателот не ја одобрил“, рече функционерот, повикувајќи на претпазливост при толкувањето на информациите за можен договор.

Во последните часови се појавија бројни извештаи за можно примирје. Ројтерс, повикувајќи се на извор, објави дека на Иран и САД им е презентиран план од две фази, во кој прво би следел итен прекин на огнот, а потоа и конечен договор.

Предлогот, во кој Пакистан игра важна улога, предвидува и период од 15 до 20 дена за финализирање на поширок договор.

Во исто време, други медиуми објавија посебен предлог за 45-дневен прекин на огнот, кој, според тие извештаи, произлегол од интензивни преговори меѓу САД и Иран.