Белчева: Граѓаните гласаа за нас за во Центар да има мораториум за нови градби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советничката во општинското Собрание на Општина Вентар Јана Белчева во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека граѓаните гласале за нив со цел во Општина Центар да има мораториум за нови градби.

Таа вели дека оваа „рашомонијада“ која ги поткопува темелните вредности на хуманото живеење во овој град ја наследиле, но не смееле да ја продолжат.

„Дојдовме на власт во 2017 година со едно ветување, не дека ќе покажеме немоќ, туку дека ќе покажеме сила да ги менуваме работите на подобро. Луѓето нам ни дадоа доверба дека ние можеме да направиме промена. Нашата платформа која склучи коалиција тогаш со СДСМ имаше, прво и основно, барање мораториум за градби и тоа навистина се реализира во декември 2017 година“, вели советничката Белчева.