Белгија со еден директен шут кон голот го елиминираше европскиот првак Португалија во 1/8 финалето денеска одиграно во Севиља.
Торган Азар во 42. минута со убав гол, со шут од далеку го победи португалскиот национален тим, и продолжи во 1/4 финалето, каде ќе се сретне со Италија.
Иако Португалија во вториот дел беше далеку подобар противник, сепак, не дадоа гол. Гереиро ја погоди и стативата, додека Андре Силва имаше шанса во финишот да донесе барем нерешено и да ја однесе својата селекција во 1/4 финалето.
Претходно пласман во најдобрите осум обезбедија Данска, Италија и Чешка.
