Белгискиот национален тим и еден од фаворитите за освојување на пехарот на ЕУРО 2020, ја победи Русија со 3:0 и тоа на нејзин терен во Санкт Петербург.
Белгија славеше со головите на Лукаку кој двата пати погоди и на Мение. Уште на полувремето Белгијците имаа 2:0, и тука го решија победникот на мечот. Во вториот дел уште еднаш Лукаку.
Инаку Лукаку по првиот гол, отиде кон камерата и испрати поздрав до Ериксен со зборовите: „Крис, те сакам“.
