Белгија почна постапка за уставни измени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владејачкото мнозинство и дел од опозицијата во Белгија, постигнаа договор за затворање на Сенатот на Федералниот парламент со воведување на измени во Уставот. Се очекува промената да биде ратификувана до следните парламентарни избори за три години.

Белгискиот Сенат постои веќе 200 години, и негова главна задача и да усвојува измени на основните закони. Со реформата во 2014 година, овластувањата беа ограничени, а по измените на Уставот се планира активностите на сенаторите да бидат префрлени на федералните пратеници во Претставничкиот дом. Сенатот се состои од 50 членови, од кои 10 добиваат надомест за нивните парламентарни активности.

За да се усвои реформата потребна е поддршка од две третини од федералните пратеници.