Белорусија од полноќ ги затвори своите граници за странски државјани заради сузбивање на епидемијата на коронавирус.
„Од 1 ноември Република Белорусија го суспендира влезот во земјата за странски државјани и лица без државјанство на граничните премини во патниот, железничкиот и водниот сообраќај, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот“, се вели во соопштението на државната комисија.
Ограничувањата не се однесуваат на руските граѓани кои транзитираат низ Белорусија на пат кон Русија, пренесува ТАС С.
Вчера во Белорусија беа регистрирани 983 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени достигна 98.500.
