КАРИМ БЕНЗЕМА (34) не сака да се врати во француската репрезентација додека ја предводи сегашниот штаб предводен од селекторот Дидие Дешамп, тврди L’Equipe. Да потсетиме, актуелниот освојувач на „Златната топка“ не настапи на Светското првенство во Катар каде неговите репрезентативци стигнаа до финалето во кое ќе ја бранат титулата против Аргентина. Два часа пред финалето Франција-Аргентина, тој на Инстаграм напиша: „Време е сите заедно. Одиме Франција“.
Иако францускиот напаѓач имаше проблеми со квадрицепсите пред турнирот, оттогаш ја санираше повредата и постоеше можност да игра против Аргентина. Пред два дена на Инстаграм објави фотографија со натпис: „Не ме интересира“. Француските медиуми шпекулираат дека Бензема на овој начин му рекол на Дешам дека не сака да игра во финалето.
Дешам беше прашан од новинарите на неодамнешната прес-конференција дали ќе го додаде Бензема во тимот, а тој рече: „Ух, подобро да не одговорам на тоа. Следно прашање“. Шпанскиот портал Либертад тврдеше дека Бензема не си заминал доброволно од Катар, туку бил бркан од Дешам, а напаѓачот е лут на селекторот затоа што сакал да остане во репрезентацијата.
Бензема ја одби поканата на претседателот
Според нивните информации, по напуштањето на таборот на репрезентацијата, Бензема бил на само тридневна терапија кај клупските лекари во Мадрид, по што бил подготвен. Да додадеме дека Л’Екип објави дека атмосферата во таборот на француската репрезентација станала подобра со заминувањето на Бензема. Со оглед на тоа што Дешам не го симна Бензема од списокот, треба да добие медал, или сребрен или златен.
Францускиот претседател Емануел Макрон го покани Бензема во финалето, но тој одби да дојде со претседателскиот авион за Катар. Да потсетиме, Бензема ги пропушти ЕП 2016 и СП 2018, кога Франција во финалето ја победи Хрватска, поради обвинувања дека го уценувал соиграчот Матје Валбуена со секс снимки.
Бензема за француската репрезентација одигра 97 натпревари и постигна 37 голови. Моментално е најдобриот играч на светот и 13 години е член на Реал Мадрид. Оваа сезона одигра 15 натпревари за шпанскиот клуб и постигна седум гола.
