Карим Бензема, напаѓачот на Реал Мадрид и француски фудбалски репрезентативец е добитник на Златната топка која Франс Фудбал ја доделува на најдобриот светски фудбалер. Бензема беше најдобриот играч на Реал минатата сезона, а со одличните игри и голови го предводеше до освојување на новата титула во Лигата на шампионите. Вкупно во сезоната постигна 50 гола, од кои 15 во Лигата на шампионите.
34-годишниот Бензема за прв пат во кариерата ја освои оваа награда, наследувајќи го Лионел Меси, кој минатата година по рекорден седми пат во кариерата ја освои Златната топка. Тој ја доби златната топка од рацете на легендарниот француски играч и неговиот поранешен тренер во Реал Зинедин Зидан. Во најтесната конкуренција Бензема ги победи второпласираниот Садио Мане, третопласираниот Кевин де Бруин и четвртопласираниот Роберт Левандовски.
Францускиот напаѓач одржа трогателен говор на сцената, но зад него беше доста критичен. Имено, му пречело тоа што Манчестер Сити ја доби наградата за најдобар клуб. „За мене Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот. А наградите ги давате на кој сакате“, изјави Бензема за „Кадена СЕР“. Овој избор беше критикуван од многумина, меѓу кои и Тони Крос и Икер Касиљас.
Реал го победи Сити во Лигата на шампионите
Касиљас не го прифати ниту фактот дека Манчестер Сити е прогласен за најдобар клуб. „Смешни награди… Честитки за Реал за третото место“, беше саркастичен Касиљас, а нешто слично напиша и Крос.
Инаку, Реал минатата сезона го победи Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. Но, Сити ја освои титулата најдобар клуб бидејќи ја освои Премиер лигата и постигна 99 гола. шампионатот го освои и нивниот женски тим. Само Кевин Де Брујн влезе во првите 10 кандидати за Златна топка од неговите играчи.
