КАРИМ БЕНЗЕМА објави своја фотографија на Инстаграм два дена пред финалето на Светското првенство во кое неговата Франција игра против Аргентина и напиша: „Не ме интересира“. Да потсетиме, Бензема не настапи на турнирот во Катар поради проблем со квадрицепсите.
Во меѓувреме си ја санираше повредата, а бидејќи тренерот Дидие Дешам не го вкрсти од списокот може да игра во финалето. Дешам беше прашан од новинарите дали ќе го додаде Бензема во тимот, а тој рече: „Ух, подобро да не одговорам на тоа. Следно прашање“.
Француските медиуми шпекулираат дека Бензема, актуелниот освојувач на „Златната топка“, на овој начин му рекол на Дешам дека не сака да игра натпревар во кој неговата репрезентација може да ја брани титулата светски првак. Шпанскиот портал Либертад, пак, тврди дека Бензема не си заминал доброволно од Катар, туку дека Дешам го бркал и дека напаѓачот е бесен на селекторот.
Според нивните информации, по напуштањето на таборот на репрезентацијата, Бензема бил на само тридневна терапија кај клупските лекари во Мадрид, по што бил подготвен. Да додадеме дека „Л’Екип“ објави дека атмосферата во таборот на француската репрезентација станала подобра со заминувањето на Бензема.
