Познатиот авантурист Бер Грилс пред неколку дена стигна во соседна Србија, и ќе мине неколку недели кај нашиот северен сосед за да снима емисија од начин како да се преживее во дивина „Во дивина со Бер Грилс“.
Во едно интервју, Грилс изјавил дека голема желба му е да снима во Србија, но има уште една желба кога е во прашање земјата.
„Природните убавини на оваа земја се спектакуларни. Кога бираме локации за снимање, се одлучување за оние кои може да ни понудат разновидност, а Србија нуди полн пакет – планини, реки, шуми, богата природа и дивина. Уште Новак Ѓоковиќ да ми биде гостин“, рече Грилс.
