Берлускони боледува од леукемија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е префрлен на интензивна нега, откако му е дијагностицирана леукемија, објавија италијанските медиуми.

86-годишниот Берлускони вчера се пожалил на проблеми со дишењето, и од вчера се наоѓа во болница во Милано.

Италијанската новинска агенција „Анса“ објави дека ситуацијата со екс италијанскиот премиер е сложена.

Партијата на Берлускони „Напред Италија“ на голема врата се врати во политиката, откако стана дел од владејачката коалиција на последните парламентарни избори.