БЕСА ќе ја започне изборната кампања од Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Движењето Беса од утре ќе ја започне својата кампања за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Тие ќе ја започнат преку собир на отворено во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, кој треба да започне во 19 часот.

Изборната кампања ќе трае 20 дена, а ќе заврши на 15 октомври на полноќ.

Инаку, на Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.