Беса не отиде на лидерската – Касами: Ковачевски ја саботираше средбата на Албанците за да ја спаси ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Движењето Беса не учествуваше на лидерската средба што ја свика премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот на партијата, Биљал Касами, рече дека нема да дозволат Албанците да се третираат со понижувачки термини како што е 20%.

Беса претходно ги повика на средба албанските партии, а поканата на премиерот ја нарече саботирање на оваа средба и формалност за ДУИ да се спаси од давањето отчет за преземените обврски со договорот.

На средбата меѓу албанските субјекти, Касами планирал да се разговара за нерешените прашања на Албанците, како што е отстранувањето на 20% од Уставот, но ниту една од партиите не се одѕва на поканата. Касами додава дека Беса ги поддржува уставните измени, но не кажа дали барањето за бришењето на 20% е ултиматум за да гласаат „за“.