Беса-транс демантира: Немало багаж за шверц на нафта или пиротехнички средства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Компанијата Беса-транс чиј автобус вчера се запали во Бугарија на автопатот „Струма“ при што животот го изгубија 45 лица, а 7 беа тешко повредени, демантира дека со возилото се шверцувало гориво или пиротехнички средства. Во објава на социјалните мрежи, тие објаснуваат дека во него немало ниту резервно гориво.

„Како агенција ја известуваме целата јавност, семејствата на загинатите и повредените во трагичниот случај, дека автобусот на ниту еден начин немал багаж за шверц на бензин, нафта или пиротехнички средства, сите овие шпекулации служат за злонамерни цели обидувајќи се одредени страни да преземат предност на трагедијата, вкупниот капацитет на автобусот бил 450-500 литри дизел за користење на самиот автобус, а во никој случај немало резерва за шверцерски цели, уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ја користат оваа дезинформација за уште повеќе да ги повредуваат членовите на семејството, но и станува пречка за истражниот процес кој и официјално беше објавен, најдеталните детали ги очекуваме од истражниот процес“, се вели во објавата на „Беса-транс“ на Фејсбук.

Дел од бугарските медиуми пак изјавија дека во автобусот имало резервни залихи на гориво. Според истите, горивото било разрелано и на автопатот „Струма“. Исто така денеска се излезе со информации дека во автобусот имало и пиротехнички средства.