Бесар Гуџуфи, фудбалски талент од Македонија потпиша петгодишен договор со турскиот гигант Бешикташ.
Според информациите од Турција, овој клуб за него платил 500.000 евра. Гуџуфи месечно ќе има плата од 8000 евра, а потпишал петгодишен договор.
Неговиот последен клуб е Беласица, а потекнува од фудбалската школа на Вардар каде што играше за младите категории.
Гуџуфи на 29-ти мај ќе наполни 17 години, а во Турција го споредуваат со Елиф Елмас.
