Трансфер во Грција направи најдобриот стрелец на Шкендија и во првата македонска фудбалска лига Бесарт Ибраими. Ибраими во следните две години ќе го носи дресот на Ксанти од истоимениот град.
Ибраими после шест години минати во таборот на Шкендија, повторно заминува на интернационалната сцена. Претходно играше во Шалке, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, како и во кипарските Етникос Ахна и Енозис.
Ибраими одигра повеќе од 150 меча за Шкендија, и постигна повеќе од 100 гола за овој тим. Од македонските клубови уште играше и за Ренова, Напредок и Влазерими.
