Беше ли избран Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ со помош на Мијалков?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. На прашање од ТВ21, како дошол на чело на партијата, лидерот демантираше дека тоа било со помош на Сашо Мијалков.

ТВ21: Се зборува дека Мицкоски дојде на чело на партијата со помош на Мијалков? Дали е точно?

„Јас дојдов на чело на ВМРО-ДПМНЕ со помош на делегатите на Собранието на тој конгрес во Валандово, и тука би го завршил одговорот на ова прашање“, рече Мицкоски.