Бесими: 1 милијарда евра помош за стопанството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бесими во „Click Plus“ на ТВ21 потенцираше дека 1 милијарда евра се насочени кон стопанството.

Министерот за финансии Фатмир Бесими додаде дека оваа криза во која моментално се наоѓаме е наметната. Тој потенцира дека сите пакети до сега чинат 1 милијарда евра.

„ММФ констатира дека мерките даваат резултат. Со овие мерки им помогнавме на граѓаните и стопанството. Имаше сериозен удар од кризата. И не само кај нас, тоа се случи секаде низ светот“

рече министерот за финансии, Фатмир Бесими вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Бесими потенцираше дека 100 милиони евра се за претпријатијата кои преку МБПР, развојната банка на РСМ ќе им се доделат на компаниите во текот на следната година.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

Бесими во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатира заедно со Елми Адири од Алијанса за Албанците и Неби Хоџа од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.