Пред пратениците во Собранието наскоро ќе се најде и ребалансот на буџетот кој има за цел зајакнување на инвестициите, економската поддршка и заздравување на ковид кризата.
Причините за ребалансот не се само зголемените разходи туку и зголемените приходи, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Министерот посочи и дека очекува суштинска расправа и конструктивна дебата во Собранието од страна на опозицијата.
„Ние имаме 46,2 милијарди денари со ребалансот дефицит што всушност е повисоко во однос на првичниот планиран во текот на оваа година, 35 милијарди денари но сепак е пониско од тоа што беше во текот на 2020 година односно од 4,9 на 6,5 отсто од бруто домашниот производ ќе биде дефицитот и тоа воглавно се финансира сразмерно од домашни и странски пазари. Ние веќе на странски пазар се задолживме со еврообврзница која успеавме да ја имаме една од најниските каматна стапки, 1.6 – 2.5 % и остатокот ќе биде од домашниот пазар“, посочи Бесими.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
