Бесими: Од јуни граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

– Граѓаните ќе имаат можност да ги инвестираат своите пари и да ја заштитат нивната вредност. Државата на тој начин ќе обезбеди финансирање по пониски стапки од она што е на меѓународните пазари, а средствата ќе бидат искористени за развојни проекти, што ќе има позитивно влијание и врз економијата, потенцира Бесими.

Идејата, додаде, е граѓаните да станат свесни за значењето на инвестирањето, бидејќи, како што кажа, парите што не се инвестираат  во услови на инфлација ја губат вредноста. Не очекува граѓанската обврзница да има негативно влијание врз депозитите што се чуваат во банките зашто, како што рече, граѓаните ќе имаат поголема корист ако ја инвестираат готовината што ја чуваат дома во државни обврзници, а депозитите да ги остават во банките.

-Со граѓанската обврзница нудиме дополнителен финансиски инструмент, кој е дел од Стратегијата за развој на пазарот на капитал. Покрај граѓанската предвидени се и развојни, зелени и проектни обврзници. Сите се насочени кон обезбедување инвестиции за развојни проекти и повисоки стапки на економски раст, нагласи Бесими.