Вака се живее во село Другово кое е на само 5км од Кичево.
Неасфалтирани улици, без канализација и фекалии излеани по улиците, а смрдеата е само уште еден проблем плус.
Граѓаните веќе уморни од безбројните барања за средување на селото кое е во ваква состојба уште од 1990.
Жител: Од 90-тите сме биле неколку пати на Фатмир, ќе направиме, ќе направиме, а уште не е направено.
Новинар: Што вели Фатмир, зошто не го направија тоа?
Жител: Мора да го прашате. Ни кажа дека ќе го заврши, но ни го спомна поранешниот градоначалник на Другово, Мојсоски Чирко, парите ги украле.
Другово било општина се до 2013 кога се направи спојување на општините во Кичево во една. Ниту тогаш ниту сега не е преземено ништо. ТВ21 неколку пати известуваше за состојбата во Другово. Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари неколку пати ни рече дека чека да се заврши канализационата мрежа започната во Зајас а потоа да заврши и во Кичево за потоа да се вклучат сите и да се асфалтираат улиците.