Без минусни температура утрово, максималната ќе се искачи до 17 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После студените утра, денеска нема место измерено со минусна температура. Најстудено, невобичаено беше во Гевгелија, каде беа измерени два степени.

Најтопло беше во Битола, каде во 8:30 беа измерени 12 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):

2 Гевгелија, 3 Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, Попова Шапка, 5 Кавадарци, Ѓуриште, Пожаране, 6 Mаврови Анови, Тетово, Kрушево, Лазарополе, 7 Берово, 8 Крива Паланка, 9 Претор, Тополчани, 10 Велес, Прилеп, Виница, Охрид, 11 Демир Капија, Штип, 12 Битола.

Максималната температура денеска ќе биде до 17 степени. Во Скопје максималната температура ќе достигне 10 степени.