Без награда за трудот во време на Ковид-19: Здравствените работници и по 24 часа на работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако некои од нив работат и по 24 часа, до сега владата се уште нема донесено никаква одлука за да го награди трудот на здравствените работници кои со својата пожртвуваност придонесуваат во заштитата на здравјето на граѓаните од корона вирусот.

Од лекарката фела сметаат дека се потребни бонуси за оние кои од првиот ден се директно вклучени во борбата против пандемијата со овој вирус.

„Бидејќи започнавме со минимална заштитна опрема и од свој џеб дадовме сретства за заштита и да обезбедиме заштита при работа, барем во тој дел Министерството да се вклучи и да ни овозможи поголема заштитна опрема или некоја надокнада за тие парични средтсва што ги дадовме од свој џеб. Најголем бонус треба да земат вработените на инфективна клиника и ние“, вели д-р Филиповиќ.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека во план е покачување како награда за здравствените работници и дека во моментов се разгледуваат буџетските можности за оваа намена.

„Планираме една одредена сума на средства награда и надоместок за сите лекари и медисцински сестри кои што работеа со овие пациенти во овој изминат период“, рече Филипче.

Бонуси за здравствените работници до сега имаат доделено владите во Чешка, Унгарија, Црна Гора, Албанија и Косово.