Чешкиот новинар Реј Бајзли е уапсен по пристигнувањето во Грузија, каде имал намера да известува за парламентарните избори закажани за в сабота, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Прага.
Бајзли се опишува себеси како чешко-британски независен новинар и во вторникот рече дека му бил забранет влезот во Грузија „без објаснување“.
Чешката амбасада во Тбилиси се обидува да утврди каде се наоѓа Бајзли.
Бајзли веќе известуваше од Грузија, како и од Украина, според Ројтерс.
