Поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, денеска дел од граѓаните во Скопје ќе останат без електрична енергија и без вода, информираат надлежните служби.
Од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на ЕВН Македонија, соопштуваат дека од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Држилово во општина Сопиште.
Во меѓувреме, од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради реконструкција на водоводна мрежа, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат дел од улиците „Мирослав Крлежа“, „Дебарца“ и „Отон Жупанчич“ во општина Центар.
Дополнително, поради менување на вентил во шахта на улица „Македонија“ број 10, од 10:00 часот па сè до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улица „Македонија“, на потегот од „Димитрие Чуповски“ до „Даме Груев“, исто така во општина Центар.
