Без вода дел од Кисела Вода и Бардовци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без вода денеска од 08:40 часот ќе бидат корисниците од улицата 474 и дел од улицата „Томе Арсовски“ во Општина Кисела Вода.

Од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците 6, 8, како и дел од улицата 4 во населбата Бардовци.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето се уличните дефекти ф-2“ на улицата 474 број 1 во Кисела Вода, и ф-5/4 на улицата 6 број 52 во Бардовци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.б