Без вода дел од корисниците од улица „Дренак“ и булеварот „Јане Сандански“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради уличен дефект од Ф-80 милиметри на улица „Дренак“ број 16 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето е во прекин од 11:45 часот и ќе трае до санирање на дефектот.

Воедно од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект Ф-150 милиметри на Булевар „Јане Сандански“  број 75 во населба Аеродром, без вода ќе бидат и корисниците од булеварот од број 83 до број 105.

Вводоснабдувањето е во прекин од 12:30 часот и ќе трае се до санирање на дефектот.