БиХ за утре прогласи ден на жалост поради катастрофата во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Босна и Херцеговина на денешната седница донесе да го прогласи денот 18. март за ден на жалост, поради трагедијата во Македонија.

„Оваа одлука е донесена да се изрази сочувство до семејствата на жртвите за трагедијата што с случи на 16. март 2025 година во градот Кочани, Северна Македонија кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар“, стои во соопштението.

Претходно ден на жалост прогласија Србија, Црна Гора и Бугарија.