Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во вторникот бил примен на оделението за интензивна нега во Медицинскиот центар Ирвин на Универзитетот во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила во крвотокот, изјавија неговите лекари.
Неговата состојба не е поврзана со претходните проблеми со срцето или со Ковид-19, објави на Твитер портпаролот на Клинтон, Анхел Урења.
Во 2004 година, политичарот имаше четирикратна операција за бајпас на неговото срце. Во 2010 година, му беа ставени два стента за да биде отворена артерија.
Statement, from me, on President Clinton pic.twitter.com/Jbfl4evpcF
— Angel Ureña (@angelurena) October 15, 2021
