Биотек, од 300 илјади евра во 2018, во 2020 со приход од 2.8 милиони евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лабораторијата БИОТЕК бележи најголем процентуален пораст на приходите во изминатата 2020 година од дури 435%.

Според податоците, Биотек во 2018 година имала вкупни приходи од околу 360 илјади евра, а во 2019-та бруто приходите пораснале на 525 илјади евра.

Во ек на пандемијата, во 2020 тие пораснале на дури 2,8 милиони евра.

Паралелно со порастот на приходи, остварен е и пораст кај добивките на компанијата и тоа во многу поголема пропорција од периодот пред Ковид-19.

Се работи за 7.622 проценти пораст на добивката на лабораторијата БИОТЕК.

Бројките говораат дека Биотек според расположивите податоци во 2019 година имал чиста добивка од 20.458 евра, додека пак минатата 2020 година добивката на ова лабораторија скокнала на 1.579 927 евра.

Извор: pari.com.mk