Битиќи: Ако ја задржиме инфлацијата на 18,6% ќе сме среќни, ме плаши влегувањето во рецесија на високоразвиени земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека доколку ја задржиме инфлацијата на 18,6% ќе сме среќни, но вицепремиерот Битиќи го плаши влегувањето во рецесија на високоразвиени земји.

„Јас кажав во неколку наврати ако се задржеме во тие рамки помеѓу 10 и 12% ќе можеме да кажеме дека сме среќни дека сме на тоа ниво. За жал инфлацијата не  се споредува со земјите каде што е над 20%, во соседството и во ЕУ веројатно ова ќе се провлекува дури и првиот квартал следната година“, вели вицепремиерот Битиќи.

Тој вели дека тоа што најмногу го загрижува е влегувањето во рецесија на одредени развиени земји.

Целиот разговор погледнете го во продолжение: