Битиќи: Автопатот Охрид – Кичево мора да биде готов до 2024 година, ако не, тогаш за виновниците ќе има последици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на гостувањето на Фатмир Битиќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборувавме и за авотпатот Кичево – Охрид и неговото завршување.

Битиќи кажа дека не се проблем парите, туку институционалните пречки. Тој најави дека доколку автопатот не биде готов до 31 декември 2024 година, ќе има сериозни санкции и последици за виновниците, односно дали тоа ќе бидат институциите или изведувачите за кои дополнително ќе се утврдува.