Битиќи: Историски момент, направивме зголемување на минималната плата за 1,7% (240 денари)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера потенцираше дека во Македонија има историски момент каде во период на криза е направен исчекор и минималната плата е зголемена за 1,7 отсто (240 денари).

„Ние во период на криза, а сметам дека тоа сите го признаваме, направивме исчекор, а тоа е зголемување на минималната плата од 1,7% и тоа е за поздравување, затоа што податоците укажуваат дека треба да се усогласи и минималната плата со критериумите, но искрено мораме еднаш засекогаш да сфатиме во нашата држава дека владеењето на правото почнува од нас самите“, посочи Битиќи.

Тој вели дека не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон.

„Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ, а ние во терминологијата и Државниот завод за статистика познава реален раст на БДП. Тоа е светска терминологија што се користи за бруто-домашниот производ и мерење на истиот. Синдикатите ценат дека тоа што е дефинирано како пораст, дека БДП може да биде само позитивен, ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од -4,5% и таму беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека ние треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниопт завод за статистика“, додава Битиќи.