Битиќи: Проблемот на ЈСП е кај нив, не е вистина дека Владата должи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека проблемот со јавниот превоз е во ЈСП.

„Жалам за состојбите во ЈСП и неможноста да одговори градот Скопје на уште една јавна услуга која е обврзана спрема законот за јавни услуги т.е. за Локална самоуправа да испорача како град кон своите граѓани“, вели Битиќи.

Според него, не е вистина дека Владата должи средства, односно сите обврски се направени.

„А тоа што некој може да толкува одредени законски решенија и без притоа да воопшто ја праша Владата дали има, дали може да рачуна на приходи тоа не се обврски преземени, нит се долгови“, додава Битиќи.