Некогаш беа една партија, а сега се поделени во две партии- Движење Беса и Алтернатива повторно ќе соработуваат, но зошто и колку длабоко може да оди оваа соработка?
Бесар Дурмиши од Движење Беса вели дека целта за промена на власта ги обединува сите политички субјекти а истакна дека е рано да се зборува за формата на соработка.
„Сите политички субјекти целат во изборниот процес кој што ќе дојде многу брзо, значи на централните избори да постигнат максимум на своето гласачко тело и планот или платформата што ја имаат да успеат да ја спроведат и сето тоа се постигнува со доаѓање на власт, нормално е да има коалиции или преговори со сите субјекти, не само со Алтернатива, туку со сите политички субјекти“, вели Бесар Дурмиши.
Од Алтернатива денеска беа резервирани во врска со формата на соработка. Велат дека детали ќе откријат по завршување на средбата на партиското раководство закажана за вечерва. Претходно, портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани за ТВ21 рече дека најпрво ќе се разговара за соработка во Собрание, а не ја исклучи можноста за подлабока соработка.
Штом Алтернатива и Беса се зближуваат како еден опозициски кампус, дали фракцијата од ДУИ позната како Огнена група, ќе соработува со нив? Блерим Беџети вели дека рано е да се зборува за таква соработка, а истакна дека нивната битка сега е внатре во партијата за, како што вели, да се извлече најдоброто за поддржувачите на нивните политики.
„Секако слушајќи го гласот на граѓаните, да бидеме многу внимателни како ќе дејствуваме согласно тој глас. Мислам дека е рано да се произнесеме за во иднина какви ќе бидат следните чекори, ним им посакувам успех доколку донесат таква одлука за соработка, легитимно е од нивна страна. Секако ние се разликуваме од извршната власт, сакаме да создадеме повеќе простор за гласот на граѓаните, односно гласачите кои не поддржуваат постојано“, порача Блерим Беџети.
Според информациите на ТВ21 обезбедени од Алтернатива велат дека заклучоците што ќе произлезат од вечерашниот состанок ќе ја “потресат“ политичката сцена.