Биткоинот ја враќа вредноста – пазарот на криптовалути во „залет“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пазарот на криптовалути расте 10-ти ден по ред.

Според CoinDesk, по 3 месеци загуби, биткоинот ја врати својата вредност за над 18% во јули и во моментов се тргува по цени повисоки од 41.000 долари.

Во последните 24 часа вредноста на најпознатата криптовалута пораснала за 0,35 отсто и со него во моментов се тргува по цена од 41.748 долари.

Втората најпозната криптовалута Етереум, моментално вреди 2.600 долари што значи дека вредноста и пораснала за 6,75 отсто.

Остатокот од пазарот исто бележи „дебел пораст“.