Биткоинот се опоравува после падот, порасна за 4,45%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Биткониот денеска во 15:15 часот на најголемата светска берза на крипто валути Бајненс, порасна за 4,45% на 56.703,30 евра.

Главната крипто валута се опоравува после значајниот пад од 1. мај. Вкупниот обем на трговија на биткоините во последните 24 часа изнесува 31,92 милијарди евра.

Според индексот на стравот, и натаму постои внимателност од инвеститорите по повод натамошниот раст на крипто валутата.

Вредност на итириумот порасна 2.39% на 2.878,73 евра, а вредноста на бајненс коинот за 2,57% на 532.53 евра.