Биткоинот „скокна“ – по големиот пад, денес криптовалутите во голем плус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пазарот на криптовалути ја зголеми својата вредност за 4,7 проценти во последните 24 часа, по вчерашниот пад од помалку од 1 процент.

Биткоинот ги обнови вчерашните загуби, а денес, според веб -страницата „Coin Desk“, се тргува по цена од 57.786 долари, што значи дека неговата вредност пораснала за 4,5 проценти.

Ethereum исто така беше во плус од утрово, и ја зголеми својата вредност за 4,8 проценти во изминатиот ден и во моментов се проценува на 3.632 долари.