Биткоинот за првпат во историјата надмина 20.000 долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Агенцијата Блумберг објави дека вредноста на биткоинот првпат во историјата надминала 20.000 долари.

Најголемата светска криптовалута денеска се зголеми за седум отсто и достигна вредност од 20.787 долари.

Оваа година вредноста на биткоинот речиси тројно се зголеми.

Биткоинот ќе го дочека крајот на годинава со најголема вредност досега. Но, на почетокот на 2020 година тоа не изгледаше така. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена се намали за повеќе од 50 проценти – на само 4.895 американски долари. По кратка фаза на закрепнување, вредноста долго време се движеше близу границата од 10.000 долари, до пред неколку недели. Минатиот месец вредноста на криптовалутата беше околу 16.000 американски долари.